Home » Активности » Натпревари (Page 2)

Натпревари

Филип Насковски, ученик во ОСТУ „Наце Буѓони” е македонскиот претставник на интернационалниот MOS натпревар и продолжува на светскиот натпревар во Орландо, Флорида

Филип Насковски, ученик во IV година во ОСТУ „Наце Буѓони” е македонски претставник на интернационалниот MOS натпревар, кој наредната година ќе се одржи во Орландо, Флорида. (more…)

Освоени награди на натпреварот ,,Лидер на струка”

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Северна Македонија. (more…)

МАКИНОВА 2019

76934893_555525931685906_9140396666015186944_n

Во период од  8-10.11.2019 година по повод Светскиот ден на науката по 40ти пат се одржа изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2019 и по 17ти пат ЕКОНОВА, под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски. (more…)

“Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар

57451161_279548509588782_7765189167658565632_nНа Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 3 мај по 38-ми пат во СОТУ  “Ѓорѓи Наумов” – Битола, нашето училиште постигна извонредни резултати. (more…)

,,Наце Буѓони” и оваа година ги собра медалите на 55-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи”

57623837_2338652449684432_8030645282154741760_n

На 13 април 2019 година ученици од ОСТУ,,Наце Буѓони” учествуваа на 55-тиот ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Северна Македонија кој се одржа во СОУ „Перо Наков„ – Куманово.

Ученици кои земаа учество и награди се: (more…)

Ученик од Наце Буѓони дел од најдобрите 5 тима на Robomac Junior

54520155_289578845250997_9120550730241933312_n

Во склоп на овогодишниот натпревар RoboMac кој се одржува по 10-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје за првпат се одржа и натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 40 ученици од средните училишта од нашата држава.

На натпреварот кој траеше од 20 до 22 март учество зема и ученик од нашето училиште, Кирил Мишевски, кој е ученик во четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Тимот на нашиот ученик успеа да се пласира во првите 5 најдобри тима на натпреварот. (more…)

,,Наце Буѓони” домаќин на ,,Лидер на струката 2018”

47393064_10214084960297279_8813566323557662720_n

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука во соработка со Министерство за образование и наука на Р.М.  за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварот се одржа во понеделник, 03. 12. 2018г,  во ОСТУ,,Наце Буѓони” Куманово. (more…)

Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите на националниот MOS натпревар

DSC_0471

На националниот натпревар MOS (Microsoft Office Specialist), кој се одржа на 31 Мај во Скопје, седум ученика од нашето училиште се здобија со сертификати и се меѓу најдобрите во нашата држава.

(more…)

Наградените ученици од ,,Наце Буѓони” на прием кај директорот

image-0-02-05-11179c3b0897a6b73f31b2bb77310f98a291228202afad3fd7f8639a72d64b67-V

Учениците кои оваа година земаа учество на натпреварите од струките и постигнаа голем успех, беа на прием кај директорот на нашето училиште Драган Јаневски.
Иако скромни, воздржани во давањето на важност на сопствениот успех, беше вистинско задоволство да се види радоста на лицата на нашите државни шампиони, прваците, вторите, третите во своите категории, бидејќи нема поголема среќа и лична сатисфакција од успехот постигнат со сопствениот труд, сопствениот умствен и физички напор и сопствената креативност.

(more…)

Ученици од Наце Буѓони меѓу најдобрите на државниот натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“

33079959_1824867450907712_2383786830160986112_n

На државниот натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“ кој се одржа на 19.05.2018г.  во училиштето „Војдан Чернодрински“ во Скопје  нашето училиште го претставуваше целиот регион.  (more…)