Home » Активности » II место за тимот на ,,Наце Буѓони” на државно ниво во LEAGUE OF LEGENDS

II место за тимот на ,,Наце Буѓони” на државно ниво во LEAGUE OF LEGENDS

На 14.10. 2021година, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со Македонска Е-спорт Асоцијација, по повод Еразмус+ деновите, организираше турнир во LEAGUE OF LEGENDS, каде учество земаа и ученици од нашето училиште.
На натпреварот тимот на ОСТУ,, Наце Буѓони” освои II место, во конкуренција од 16 тима од средни училишта од Република Северна Македонија.

Нашиот тим го сочинуваа 6 ученика:
Антонио Накевски IV6
Милан Трајковски IV6
Никола Јордановски IV5
Дарио Алексовски III6
Алексеј Илијевски I6
Резерва: Марко Инѓиќ IV6

На сите ученици свечено им беа доделени наградите за постигнатиот успех.