Home » Uncategorized » Наградени ученици на МАКИНОВА 2023

Наградени ученици на МАКИНОВА 2023

370316732_3781200728835396_2274545278531423463_nУченици од нашето училиште земаа уество на 44-та МАКИНОВА и 21-ва ЕКОНОВА 2023 година кои во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука се одржаа во ОСУ,, Ацо Русковски”  Берово од 10-11 ноември. Нашите ученици од здравствена и електротехничка струка,  се претставија со своите трудови и иновации како и секоја година.

Ученикот Марио Анѓеловиќ од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои 1-во место на Меѓународна изложба за иновации 44та Макинова (ментор-  Јелена Поп Глигорова) .

Ученичката Милица Стојковиќ од насоката медицинска сестра  освои специјална награда (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).

Учениците Дејвид Трифуноски и Филип  Павловски од насоката електротехничар енергетичар освоија пофалници за учество (ментор – Александер Цветков).

Ученичките Мила Вељановска и Лаура  Цватковска од насоката медицинска сестра освоија пофалници за учество (ментор – Магдалена Трајановиќ).

Ученичката Анастасија Атанасовска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество (ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ ).