Home » Активности » Ученици » Вонредни (Page 4)

Вонредни

Пријава за пријавување на вонредни испити

Потребната пријава може да ја преземете тука.

Соопштение за пријавување и распоред на ВОНРЕДНИ испити во НОЕМВРИСКА испитна сесија во учебната 2020/2021 година

1123131305_368720867700314_1174766401085956476_n (more…)

Соопштение за пријавување и распоред на ВОНРЕДНИ испити во октомвриска испитна сесија во учебната 2020/2021 година

120371555_371349904052390_2239125171047409777_n

(more…)

Соопштение за ВОНРЕДНИ ученици за полагање на завршен испит во АВГУСТОВСКИ испитен рок за 2019/2020

Согласно Правилникот за начинот на полагање и оценување на учениците на Завршен испит во  стручното  образование  (Сл. Весник на Р.М.бр.45/08) вонредните ученици од завршните години кои исполнуваат услов  да полагаат завршен испит  во августовскиот испитен рок во учебната 2019/2020 година треба да се пријават на 10.07.2020 година во училиштето од 10 до 12 часот.

(more…)

Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во ЈУНСКАТА испитна сесија

101539182_471070477030541_5665477238301130752_n

(more…)

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за мајска испитна сесија

396518357_676681306443250_6901758551975264256_n

(more…)

Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во МАЈСКАТА испитна сесија

96792946_788149415048778_6681771830312697856_n

(more…)

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за априлска сесија

Согласно добиените насоки од Министерството за образование и наука, училиштето ќе организира и реализира полагање на испити за вонредните ученици во учебната 2019/2020 година по пат на примена на електронска комуникација.

Право да полагаат преку далечинско учење односно учење од дома, имаат само вонредните ученици кои се од завршните години и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити што треба да ги полагаат во сесијата за да ја заокружат завршната година на средно образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на државна матура или завршен испит и во законскиот рок ги имаат пријавено истите.

Вонредните ученици кои го исполнуваат условот за полагање во априлската испитна сесија, треба повторно да ги пријават испитите доколку ги пријавиле во мартовската  испитна сесија без притоа да вршат повторна уплата за испитот.  Пријавувањето на испитите треба да го направат по електронски пат на 15.04.2020 година.

На меилот [email protected] на училишниот секретар учениците треба треба да достават:

  • пополнета пријава (пријави ќе ви бидат доставени во прилог на известување)
  • доколку испитите не се пријавени во мартовската испитна сесија со пополнета пријава во електронска форма треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите и административна такса.

За дополнителни информации за пријавување на испитите може да се обратите кај:  Магдалена Крстевска – секретар на училиштето  071 393 744.

Полагањето на испитите  во априлската испитна сесија ќе се реализира на 22, 23 и 24 април 2020 година (распоредот на полагање по предметите ќе биде истакнат по завршувањето на пријавувањето на испитите, на огласна табла, на веб страната на училиштето).

За дополнителни информации, за  начинот на спроведување на испитот, кој според насоките ќе се реализира преку електронски пат и дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува директна видео поддршка (Скајп, Вибер, ZOOM  итн.), каде што кандидатот ќе одговара директно на прашањата зададени од членовите на училишната испитна комисија, учениците можат да се информираат кај предметните наставници или кај:

Мирка Додевска – одговорен наставник за вонредни ученици на македонски наставен јазик  071 316 497

Аделина Белули  – одговорен наставник за вонредни ученици на албански  наставен јазик  078 356 022

За останатите вонредни ученици полагањето на испитите училиштето ќе го реализира по завршувањето на вонредната состојба, отворањето и започнувањето со работа, за што ќе им овозможи дополнителна сесија за полагање испити.

Тука може да ја преземете потребната пријава.

Потсетување за редовни и вонредни ученици за презентацијата и одбраната на проектната задача

Поради вонредната состојба во која се наоѓаме и според насоките за постапување за времетраењето на вонредната состојба од Министерството за образование и Државниот испитен центар, презентацијата и реализацијата на проектната задача, ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година краен рок за презентацијата и одбраната на проектната задача е 22 април 2020 година.

За подетални информации за начинот на презентацијата и одбраната на матурските проектни задачи, утврдувањето  на  времето на презентација и одбраната, учениците треба да исконтактираат со своите ментори и да ги завршат своите обврски во утврдениот рок.

Од училишната матурска комисија

ОСТУ “Наце Буѓони“ Куманово

Распоред за полагање на ВОНРЕДНИ испити во МАРТОВСКАТА испитна сесија

Распоредот може да го погледнете тука.