Home » Активности » Ученици » Вонредни » ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за априлска сесија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ за вонредни ученици за априлска сесија

Согласно добиените насоки од Министерството за образование и наука, училиштето ќе организира и реализира полагање на испити за вонредните ученици во учебната 2019/2020 година по пат на примена на електронска комуникација.

Право да полагаат преку далечинско учење односно учење од дома, имаат само вонредните ученици кои се од завршните години и на кои испитот им е последен или еден од трите последни испити што треба да ги полагаат во сесијата за да ја заокружат завршната година на средно образование по вонреден пат и да ги исполни условите за полагање на државна матура или завршен испит и во законскиот рок ги имаат пријавено истите.

Вонредните ученици кои го исполнуваат условот за полагање во априлската испитна сесија, треба повторно да ги пријават испитите доколку ги пријавиле во мартовската  испитна сесија без притоа да вршат повторна уплата за испитот.  Пријавувањето на испитите треба да го направат по електронски пат на 15.04.2020 година.

На меилот [email protected] на училишниот секретар учениците треба треба да достават:

  • пополнета пријава (пријави ќе ви бидат доставени во прилог на известување)
  • доколку испитите не се пријавени во мартовската испитна сесија со пополнета пријава во електронска форма треба да се достави и скенирана или сликана уплатница за извршената уплата за предметите и административна такса.

За дополнителни информации за пријавување на испитите може да се обратите кај:  Магдалена Крстевска – секретар на училиштето  071 393 744.

Полагањето на испитите  во априлската испитна сесија ќе се реализира на 22, 23 и 24 април 2020 година (распоредот на полагање по предметите ќе биде истакнат по завршувањето на пријавувањето на испитите, на огласна табла, на веб страната на училиштето).

За дополнителни информации, за  начинот на спроведување на испитот, кој според насоките ќе се реализира преку електронски пат и дискусија на некоја мрежа или платформа што овозможува директна видео поддршка (Скајп, Вибер, ZOOM  итн.), каде што кандидатот ќе одговара директно на прашањата зададени од членовите на училишната испитна комисија, учениците можат да се информираат кај предметните наставници или кај:

Мирка Додевска – одговорен наставник за вонредни ученици на македонски наставен јазик  071 316 497

Аделина Белули  – одговорен наставник за вонредни ученици на албански  наставен јазик  078 356 022

За останатите вонредни ученици полагањето на испитите училиштето ќе го реализира по завршувањето на вонредната состојба, отворањето и започнувањето со работа, за што ќе им овозможи дополнителна сесија за полагање испити.

Тука може да ја преземете потребната пријава.