Home » За нас (Page 2)
За нас
Годишна завршна сметка за 2016 година
Во прилог ја доставуваме Годишната завршна сметка за 2016 година од ОСТУ ,,Наце Буѓони”.
Наце Буѓони на фестивалот во Ниш ,,Наук није баук” со најпосетен штанд
Ученици од Наце Буѓони во посета на ,,Зафир Сајто”
Денес ученици од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони” беа во едукативна посета на Домот за стари лица ,,Зафир Сајто” Куманово. Целта на оваа посета беше запознавање со начинот на работа на оваа установа и дружење со старите лица кои таму престојуваат.
Оваа активност ја реализираа учениците кои членуваат во Училишниот парламент при училиштето како дел од предвидената програма за едукативни посети во учебна 2016/17 година.
Потпишан меморандум за соработка
На ден 28.10. 2015 година, во Куманово, нашето училиште ,,Наце Буѓони” потпиша меморандум за соработка со техничкото училиште Mostem од градот Manisa, Република Турција.
Наце Буѓони – Биографија
Наце Кралев Ивановски – Буѓони е македонски комунист, учесник во НОВ. Роден е во 1919 година во Белановце, Куманово. Потекнува од сиромашно работничко семејство. По завршувањето на основното училиште, во 1932 година го изучил ковачко-коларски занает. Во 1935 година го завршил занаетчиското училиште.
Годишен план на училишен парламент 2014/15
Годишната програма за училичен парламент за 2014/15 година можете да ја погледнете тука
Училишен парламент
Во октомври 2012 год. учениците од ,,Наце Буѓони” заедно со неколку професори од училиштето основаа Училишен Парламент.
Училиште денес
Развојот на стопанските субјекти во Куманово допринесе да се зголеми интересот на учениците за некои струки и профили, а со тоа се јави и потреба од обезбедување соодветни услови за едукација. За разлика од минатото, училиштето денес располага со три училишни згради и тоа:
-
-Централна зграда во која настава се одвива на македонски наставен јазик
-Зграда во дирекција ЗИК во која настава се одвива на албански наставен јазик
-Работилница во која се наоѓа современо опремени кабинети за практична настава
Денес некогашниот Металски центар прерасна во современо и модерно Општинско Средно Техничко Училиште Наце Буѓони со 2092 ученика распределени во 68 паралелки(34 на македонски и 34 на албански наставен јазик).








