Минатата недела од 13-ти до 17-ти октомври се одржа 41-ва по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2015, а дел од оваа манифестација зазема и изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2015. На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија сребрени медали за своите трудови.
Ученикот Милан Поповски од насоката електротехничар-енергетичар, со ментор Александер Цветков, се претстави со проект “Мешалка на обоени раствори” и освои II-место.
Ученикот Дамјан Петровски од насоката техничар за компјутерско управување, со ментор Катерина Ѓорѓиевска, се претстави со проект “Модел на Холограм” и освои II-место.