Home » Активности » Tehnoscience » „TEСHNOSCIENCE 2012“ по петти пат во „Наце Буѓони“

„TEСHNOSCIENCE 2012“ по петти пат во „Наце Буѓони“

Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Ден на просветителите по петти пат го организираше техничкиот саем „TEСHNOSCIENCE 2012“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците.

Настанот се одржа на 23.05.2016 год. со почеток во 10 ч. во просториите на училиштето. Учество земаа повеќе основни училишта од градот со околу 100 ученици-учесници.

Учениците од основните училишта се претставија со своите трудови од областа на информатика, програмирање, физика, биологија, хемија, историја и други природни науки како и изработка на презентација во IMPRESS, спортски активности (скок во далечина, атлетика и фрлање ѓуле). 
 
Освен натпреварувачкиот дел на настанот учениците имаа можност да ги разгледаат штандовите со трудови на ученици од машинската, електротехничката и здравствената струка, да се запознаат и поразговараат со ученици од нашето училиште, но и да се дружат и забавуваат со врсници од целиот град.