Home » Активности » Активности за подигање на свеста за дијабетесот

Активности за подигање на свеста за дијабетесот

Messenger_creation_A55C1D81-7DB8-4847-B1B5-E36855ABDFA0По повод Светскиот ден на подигање на свест за дијабетесот, учениците во нашето училиште  имаа повеќе активности.
На 13 ноември во организација на Здружението на дијабетичари Куманово во просториите на ЈЗУ Општа болница Куманово се оддржа предавање во врска со дијабетесот како состојба, превенција, лекување како и компликациите кои настануваат како последица на дијабетесот. Предавањето беше оддржано пред учениците од здравствена  струка при ОСТУ ,,Наце Буѓониʼʼ и нивните наставници а предавач беше Спец. Др. Марјан Денковски од ЈЗУ Центар за јавно здравје. Секој совет и некоја нова информација што ќе ја слушнеме и дознаеме при ваквите работилници се чекор напред за подобар и поквалитетен живот со дијабетес.
На 14 ноември, по повод Светскиот ден за подигање свест за дијабетес, нашето училиште стана место на едукација и осознавање за еден од најголемите здравствени предизвици на современиот свет. Овој ден има за цел да поттикне разбирање за дијабетесот, една од најраспространетите хронични болести, која ги погодува милиони луѓе ширум светот.
Во текот на овој ден, учениците од сите четири години и струки, како и наставниот и друг персонал, имаа можност да учат од експертите, кои ги осветлија клучните аспекти на шеќерната болест. Предавањето се состоеше од интерактивна презентација и видео-клипови кои на едноставен и интересен начин ги објаснија основните информации за дијабетесот.
Голема благодарност до младите и талентирани ученици – Дарија Трендафиловска, Теодора Петрушевска, Андријана Јакимовски и Меланија Лазаревска – кои учествуваа во подготовката на предавањето. Со нивниот ентузијазам и посветеност, тие на сите присутни им пренесоа корисни информации кои ќе останат во сеќавањето.
Исто така учениците од трета година мереа шеќер во крвта на едукативниот настан под мотото Заедно за здравје-Куманово во грижа за дијабет во организација за Здружение на дијабетичари,Диаверум и Ротари клуб Куманово
Нека ова предавање биде поттик за сите нас да продолжиме со учење и да се грижиме за нашето здравје и здравјето на другите! Затоа, да продолжиме да шириме знаење и свест, за да направиме разлика!