Home » Активности » Американска стипендија за средношколци од програмата „Yes“

Американска стипендија за средношколци од програмата „Yes“

На 21.09.2015 година во нашето училиште „Наце Буѓони“, 134 средношколци полагаа за добивање на американска стипендија од програмата „Yes“ и една година престој во Америка. Тестирање за оваа стипендија се изврши во четири центри во државата и тоа во Скопје, Куманово, Штип и Струга.

11121543_10206561562430356_1069616473_n

Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од Кратово, Кавадарци, Македонска Каменица и други градови. Полагањето го организираше невладината организација Американски совети, а за 6 месеци ќе се знае кои ученици биле најдобри и во август  ќе заминат во Америка. Учениците кои ќе добијат стипендија ќе бидат сместени во домаќин-семејства. Како што тука учениците поминуваат три ригорозни тестирања, така и фамилиите се проверуваат и поминуваат низ различни тестирања, проверки затоа што мора се да биде безбедно.

 

12032594_10206561562910368_1924186293_n (2)

Оваа стипендија е навистина престижна и за неа можат да аплицираат ученици од прва и втора година средно, но и лицата со посебни потреби. Целта  на оваа стипендија е учениците да бидат наши амбасадори и да ја презентираат македонската култура во Америка. Тестирањето се одвиваше во најдобар ред.