Home » Uncategorized » Доделени сертификати и одржан завршен настан на проектот “Обединети во мирот”

Доделени сертификати и одржан завршен настан на проектот “Обединети во мирот”

Средношколците од различни етнички заедници од Куманово, на 08.06.2022 учествуваа на завршен настан во рамки на проектот “Обединети во мирот” кој го реализираше Здружението на граѓани “Доверба” од Куманово со кое нашето училиште има склучено меморандум за соработка.

Во проектот се опфатени 40-тина ученици од ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово од различни етнички заедници, кои преку активности се обучуваа за создавање на подобри услови за соработка и ненасилна комуникација, како и зголемување на ученичка невербална комуникација преку уметност и вештини на посредување и ученичка медијација. Во рамки на проектот беа одржани обуки и работилници за решавање на конфликти и запознавање на културата на припадниците на различни етнички заедници.

На 13.05.2022 во рамки на проектот се отвори Клуб на медијација. Се одржаа презентации во двете смени и во двете згради на нашето училиште на македонски и албански јазик на ученици претседатели и на безбедни училишта. За училишна медијација се претставија 20 обучени медијатори кои ќе работат во Клуб на медијација.

– Во овој период на воени судири има немир кај луѓето, а и короната остави траги. Оваа практика што “Доверба” ја има од 2002 година кога се вклучивме во градот кога беше потребна ненасилна комуникација и медијација, во девет училишта, па продолживме да бидеме ние иницијатори, да постои советување за учениците, да се научат и родителите, бидејќи основна воспитна улога е кај родителот. Сега продолжуваме во “Наце Буѓони” тој клуб на медијација да биде едно јадро кое ќе се прошири и во градот. Овие техники не само да се совладаат туку да бидат еден стил, атмосфера во училиштето и градот, изјави Дивна Јанкова од здружението “Доверба”.

На настанот присуствуваа секретарот на Општина Куманово, претседателката на Совет на Општината и претставници на општинска администрација. Проектот претставува можност за зајакнување на капацитетите, кои ги поседуваат учениците, помош при справување со проблемите, со кои се соочуваат, како и правилен начин на подобрување на ефикасната комуникација, каде што учениците ќе се насочуваат кон наученото за време на проектните активности и на кој начин ќе можат практично да го применуваат.

Учениците, кои беа дел од проектот „Обединети во мирот“  на 09.06.2022 год. на локацијата „Студена вода“ добија серитификати за успешно реализираната обука. Тие низ игра за градење на тимови, направија планови за промоција и проширување на проектните активности во останатите средни и основни училишта. На настанот учествуваа раководителката на проектот Дивна Јанкова и менторот Александар Стефановски, како и претставници на Советот на родители, Јасмина Додевска и Марија Арсиќ.

Проектот „Обединети во мирот“ се реализираше со поддршка на “Екуменска иницијатива жена” – Хрватска.

Среќно драги идни училишни медијатори и миротворци во ОСТУ “Наце Буѓони” вашата работа и присуство ќе биде голем подржувач во креирање на позитивна атмосфера и ефикасна комуникација во училиштето.

Видео од завршниот настан можете да погледнете  тука.