Во текот на февруари и март Активот по македонски јазик и литература организира две работилници во просториите на Градската библиотека.Првата,организирана на 9 февруари беше под наслов „Приказната на два начина:читање или екранизација? На оваа работилница учествуваа матурантите од нашето училиште,така што постоеја различни видувања поврзани со книгата и нејзината филмска верзија. Креативноста, размислувањата и иновативноста на учениците беше на едно високо ниво.
Втората работилница беше на 4 март, но сега под наслов „Жените што го променија светот“. Оваа активност ја спроведоа учениците од трета и прва година, а имавме можност да слушнеме различни размислувања , се истакнаа значајни жени кои оставиле белег во историјата,но и улогата на жената која се докажала во сите сфери од нашето општество.
Благодарност до Градската библиотека за искажаната доверба, но и голема пофалба за нашите ученици кои се претставија во најдобро светло со своите ставови, размислувања и достојно го презентираа „Наце Буѓони“.






