Во рамките на проектот “Промоција на безбедна училишна средина” кој се спроведува во нашето училиште, 8 ученици престојуваат на Интеркултурна размена во детското село Песталоци во Троген, Швајцарија. Размената се одвива од 2-15 април 2025, на која учениците ќе учествуваат на работилници за детски права, почитување на различности, антидискриминација, принципи на мултикултурен дијалог и комуникација, ненасилство и толеранција. На оваа размена учествуваат ученици од Македонија и Полска.
Им посакуваме да и да се здобијат со нови знаења кои ќе ги пренесат на другите ученици.