Како резултат на брзиот развој на металската идустрија во Куманово, како и потребата од металски стручен кадар, Народниот одбор на Кумановската околија во 1960 година донел Решение за основање на Училишен центар за стручно образование во металска насока подоцна познат како Метален центар Наце Буѓони. Училиштето започнува со работа на 1 септември 1960 година со 2 паралелки и 89 ученици: Машински техничар (43 ученика) и Индустриски работник (46 ученика). Првата генерација матуранти завршува во учебната 1963/64 година од која произлегле високо образовани кадри кои земаат активно учество на градот Куманово.
Училиштето е прогласено за најдобро училиште во Република Македонија .