Home » Активности » Натпревари » “Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар

“Наце Буѓони” најдобри во струката на Државен натпревар

IMG-da41936eeffe906b21b62c09268f205c-V

На Државниот натпревар на учениците од средните училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка од Република Северна Македонија, кој се одржа на 8 и 9 мај по 42-и пат во СЕТУГС  “Михајло Пупин” – Скопје, нашето училиште постигна извонредни резултати.

На натпреварот учествуваа 24 стручни училишта од машинска, електротехничка и сообраќајна струка. Комисиите беа составени од стручни лица и Универзитетски професори, а нашите ученици освоија :

Матеј Глигоријевски – I место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар за компјутерска техника и автоматика)
Ментор: Јелена Поп Глигорова, Марија Крстевска

Наум Богдановски – II место во теоретско знаење од електротехнчка струка (Електротехничар енергетичар)
Ментор: Тони Ристески

Леонид Тодоровски – III место во теоретско знаење од електротехничка струка (Техничар за индустриска мехатроника)
Ментор: Новица Ѓорѓевски, Давор Јордановски

Ива Диневска – III место во теоретско знаење од машинска струка (Машинско енергетски техничар)
Ментор: Предраг Додиќ, Ненад Петковски, Слаѓан Ѓорѓевиќ

Марко Илиевски – IV место во теоретско знаење од машинска струка (Техничар за компјутерско управување)
Ментор: Мартина Максимовиќ, Дафина Митковска, Жаклина Тошиќ

Како и секоја година така и оваа го одбранивме нашиот квалитет и знаење и застанавме рамо до рамо меѓу најдобрите три технички училишта во државата. Овој натпревар е од најголемо значење за стручните училишта каде  учениците го споредуваат своето знаење со знаењето на нивните врсници од други училишта.