Home » Активности » „Наце Буѓони“ повторно домаќин за тестирањето за YES програмата

„Наце Буѓони“ повторно домаќин за тестирањето за YES програмата

На 16.09.2016 година нашето училиште „Наце Буѓони“ повторно  ќе биде домаќин за тестирањето на учениците од Куманово за YES програмата. Освен кумановските, тест по англиски јазик ќе полагаат и ученици од другите градови од регионот. 

 Учениците со стипендијата ќе добијат една година престој во Америка и ќе бидат сместени во домаќин-семејства . Тестирање ќе се врши во четири центри во државата и тоа во Штип, Струга, Куманово и Скопје.

Оваа стипендија е навистина престижна и за неа можат да аплицираат ученици од прва и втора година средно, но и лицата со посебни потреби. Целта  на оваа стипендија е учениците да бидат наши амбасадори и да ја презентираат македонската култура во Америка.

 

yes