Home » Uncategorized » Се одржа тестирање за YES програмата

Се одржа тестирање за YES програмата

На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот.
Во првиот круг се тестираа 168 ученици, а дури 67 од нив поминаа во вториот круг. Полагањето го организираше невладината организација Американски совети, а за 6 месеци ќе се знае кои ученици биле најдобри и во август  ќе заминат во Америка.