По повод 22 Ноември, Ден на албанската азбука нашите ученици, одиграа мал турнир во одбојка. Настанот се случи во спортската сала на училиштето, а учество земаа женска и машката екипа формирана од паралелелки со македонски и албански наставен јазик. Ова е втор по ред турнир помеѓу овие екипи и учениците изразија желба за повеќе спортски настани од ваков карактер. Учениците беа предводени од нивните професори по спорт Нуртене Ќерими, Фидан Арсовски и Анита Цветковиќ како и одговорни професори за ученички заедници Емилија Јакимовска и Жаклина Јанакиевска. Денешнкот турнир беше проследен и од поголем број наши ученици кои ги бодреа своите фаворити.
Home » Активности » Одбележан Денот на албанската азбука со турнир во одбојка





