Денес, на 3 Декември, го одбележуваме Меѓународниот ден на лицата со попреченост – ден посветен на почит, еднаквост и поддршка. Овој ден потсетува дека секој човек има право на достоинствен живот, активно учество во заедницата и еднакви можности за развој.
Во духот на инклузијата, учениците од трета година,здравствена струка, заедно со професорките и дефектолог од нашето училиште, организиравме креативна и едукативна работилница.Ги посетивме корисниците во Порака наша и преку различни активности, дружење и изразување, учесниците покажаа колку е важно да се создава средина во која секој се чувствува прифатен и охрабрен.
Работилницата беше исполнета со позитивна енергија, креативност и меѓусебна соработка, потсетувајќи нè дека инклузијата е секојдневна практика која градиме заедно.
На овој значаен ден испраќаме силна порака: различностите нè збогатуваат, а поддршката и разбирањето создаваат подобро општество за сите.
Среќен Меѓународен ден на лицата со попреченост!





