Денес по повод Меѓународен ден на мирот, учениците и професорите Емилија Јакимовска, Надица Трајковска Магдалена Трајановиќ и Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ од ОСТУ ,,Наце Буѓони” Куманово испратија симболични пораки на македонски и албански јазик.
Со денешните активности потсетија дека мирот започнува од нас самите. Со мали дела на добрина, разбирање и почит се создава подобар свет за сите.
,,Да избереме љубов, а не омраза. Да избереме дијалог, а не тишина. Да избереме мир!”