Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7април секоја година.Оваа година под мотото „Здрави почетоци, надежна иднина“,докажа дека основното човеково право е правото на здравје.
За таа цел населението во секој момент треба да има доволно информации за здравјето и да има достапни услуги од сите области за да може да води соодветна грижа за сопственото здравје и здравјето на своето семејство! Затоа учениците од здравствена струка при ОСТУ Наце Буѓони на македонски и албански наставен јазик како и секоја година така и оваа,со одредени активности го одбележаа.
Во Соколанскиот парк беше спроведена акција со мерење на шеќер и крвен притисок на населението во соработка со Здружението на дијабетичари.Учениците спроведоа анкета меѓу населението за животните навики кои се застапени меѓу популацијата која денес беше во паркот.
По повод денот на здравјето беа оддржани и едукативни работилници и панел дискусија на тема
,,Во здраво тело,здрав дух,,од страна на нашите професорки од здравствена струка со цел развивање на свесност кај учениците.
Home » Активности » Одбележан ,,Светскиот ден на здравјето”