Home » Uncategorized » Одржана финална работилница под менторство на едукаторот за млади Катерина Димовска

Одржана финална работилница под менторство на едукаторот за млади Катерина Димовска

На 18.11.2025год.   во нашето училиште се одржа  активност со која се финализираше ученичката иницијатива , и чекор по чекор учениците научија да дефинираат Што е проект и како да ги реализираат нивните  иницијативи.

Активноста беше спроведена  под раководство на едукатор за млади Катерина Димовска , во рамки на проектот ,,Безбедна училишна средина” поддржана од Детска фондација Песталоци кој се спроведува од страна на Coalition of youth organizations SEGA, во партнерство со МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование /,Прва детска амбасада Меѓаши / First Children’s Embassy Megjashi, SmartUp – Social Innovation Lab.