Home » Активности » ОСТУ ,,Наце Буѓони” во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија

ОСТУ ,,Наце Буѓони” во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија

По повод Светскиот ден на науката, во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, на 10 Ноември  се одржа петтата по ред изложба на иноваторски проекти и експонати на млади научници, под мотото „Квалитетно образование – наука за одржлива иднина за сите”.

Нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” ја имаше честа да ги претстави трудовите од учениците Милан Поповски и Дамјан Петровски:“Мешалка на обоени раствори”  и  “Модел на Холограм”.