Home » Активности » ОСТУ ,, Наце Буѓони” по втор пат добитник на грантот за проектот Градиме мостови

ОСТУ ,, Наце Буѓони” по втор пат добитник на грантот за проектот Градиме мостови

Во среда (09.12. 2015г.) во просторите на Средното техничко училиште ,,Коле Неделковски” во Велес беше промовиран Туристички водич што заеднички го изработија учениците од ,,Коле Неделковски”- Велес и ,, Наце Буѓони” – Куманово .

По склученото партнерство учениците од двете училишта со помош на Проектот Градиме мостови дојдоа до идеја заеднички да изработат Туристички водич за Велес и Куманово на англиски, албански и македонски јазик. Учениците во периодот од три месеци ги искористиia заедничките прошетки низ Велес и Куманово за да направат фотографии од културно– историските споменици во двата града, да истражуваат на интернет за културата, традицијата, обичаите на македонскиот, албанскиот, турскиот, ромскиот, бошњачкиот и влашкиот народ. Разговараа со своите родители, наставници, баби и дедовци за повеќе да научат и сето тоа да го запишат во овој туристички водич. При изработката на Туристичкиот водич навистина се изградија мостови, најпрвин кај самите ученици од секое училиште (вклучување на ученици од различен етнички состав), но се вклучени и надворешни лица. Имено, и родителите на самите ученици остварија заедничка средба, но и НВО коишто се активни во двата града во кои членуваат активисти од различна етничка припадност. НВО секторот бил вклучен во откривањето на етничките карактеристики на секоја етничка заедница. Реализирани се посети во селата и верските објекти и се остварија контакти со одговорните лица во верските заедници (цркви и џамии). При посетата на црквите и џамиите беа вклучени сите ученици.

,, Активностите беа спроведени согласно заеднички планирана динамика и структура, секако со поддршка на директорите на двете училишта. Посакувам да има што повише вакви проекти со што би се изградиле што повеќе вакви мостови таму каде нема , а каде ги има да се зајакнуваат. Изкажуваме јавна благодарност до канцеларијата на OSCE и Швајцарската амбасада за финансиската поддршка на Проектот.”- Кординатор на проектот за ОСТУ,, Наце Буѓони” Куманово , Наим Мисини.