Home » Активности » Ученици » Вонредни » Потсетување за редовни и вонредни ученици за презентацијата и одбраната на проектната задача

Потсетување за редовни и вонредни ученици за презентацијата и одбраната на проектната задача

Поради вонредната состојба во која се наоѓаме и според насоките за постапување за времетраењето на вонредната состојба од Министерството за образование и Државниот испитен центар, презентацијата и реализацијата на проектната задача, ќе се реализира преку далечинско учење, со примена на средства за електронска комуникација.

Според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година краен рок за презентацијата и одбраната на проектната задача е 22 април 2020 година.

За подетални информации за начинот на презентацијата и одбраната на матурските проектни задачи, утврдувањето  на  времето на презентација и одбраната, учениците треба да исконтактираат со своите ментори и да ги завршат своите обврски во утврдениот рок.

Од училишната матурска комисија

ОСТУ “Наце Буѓони“ Куманово