Home » Активности » Реализирана активност од проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Реализирана активност од проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на ден 7.05.2025 год. (среда) учениците и наставниците од двете партнер училишта ОСТУ„ Наце Буѓони “ од Куманово и ДСУ РЦСОО„ Коле Неделковски “од Велес реализираа заедничка активност во која земаа учество ученици, родители и наставници.

Учениците прво го посетија езерото „Подлес“ во Општина Градско за да засадат 150 борови садници на опожарените делови на езерските брегови.

По еколошката акција следна беше посетата на манастирот „Св. Архангел Михаил“ којшто се наоѓа во близина на село Чичево каде се реализираа две предвидени активности: ликовна работилница и презентација на творбите од објавениот литературниот конкурс, на двете партнер училишта, на тема: „Природата како огледало на човечката душа“.

Дел од учениците, исто така, реализираа кратка планинарска тура на падините на Клепа.

Учениците и наставниците поминаа еден преубав ден во природа каде имаа можност да се дружат, учат и забавуваат.