Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието на 23.05.2024 год. во градскиот парк во Скопје беше реализирана работилница на тема: „СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС“.
Учесници беа 28 ученици од мешан етнички состав и 12 претставници на стручна служба и наставници од двете парнер училишта ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово и ССОУ “Коле Неделковски” Велес.
Психологот Дивна Јанкова од ОСТУ “Наце Буѓони” ја припреми работилницата во која преку интерактивен пристап беа обработени теми: Што е Стрес? Како се чувствуваме во стресна состојба ? и Како да се надмине стрес? Учениците со голем интерес ги споделија своите сознанија, а имаа и кратка едукативна сесија на оваа значајна тема за нив .
Учесниците ја посетија и Старата скопска чаршија.