Home » Uncategorized » Ученичка од ,,Наце Буѓони” со промоција на третиот по ред роман

Ученичка од ,,Наце Буѓони” со промоција на третиот по ред роман

На 11.12.2025 г.беше одржана Промоција на третиот роман на Ивона Петровска, ученичка во IV година, со наслов „Чекор до бескрајот“,означен како посветен роман.

“Како промотор на самата авторка беше професорката Катерина Пешевска, воедно и нејзин ментор и класен раководител, а рецензија за романот спреми Елизабета Павловска, претседател на Друштво на писатели на Куманово. Младата авторка Ивона присутните ги остави без зборови со својот талент,скромност и посветеност кон убавиот пишан збор.Во преполната сала во Занаетчискиот дом беа прочитани извадоци од делото,а програмата беше збогатена со културно-уметничка програма.

На Ивона Петровска и посакуваме храбро да продолжи кон својата цел- создавање на уметност и уште повеќе промоции на нови романи.Со среќа Ивона.