На 24.11.2025 година, во организација на Општински сојуз на училишен спорт во Куманово и наставникот по спорт и спортски активности Видан Арсовски во училиштето “Наце Биѓони” се одржа предавање на тема “Спортска психологија- како важна ставка за успехот и напредокот во спортот”. Предавач – едукатор беше проф д- р Ленче Алексовска – Величковска, спортски психолог, поранешен Декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, вклучена во работата на повеќе реномирани спортски клубови, национални селекции во нашата држава, а иствремено работи и со голем број врвни спортисти ( кошарка, фудбал, тенис, одбојка и скијање).
Пренесувајќи го личното искуство, одржа инспиративно предавање за младите спортисти, но и пренесе знаења од областа на спортска психологија.
Предизвика интерес кај учениците и оствари успешна комуникација со вклучување учениците во самото предавање.





