Home » Активности » Одбележан Денот на албанската азбука со турнир во одбојка

Одбележан Денот на албанската азбука со турнир во одбојка

По повод 22 Ноември,  Ден на албанската азбука нашите ученици,  одиграа мал турнир во одбојка. Настанот се случи во спортската сала на училиштето, а учество земаа  женска  и машката екипа формирана од паралелелки со македонски и албански наставен јазик. Ова е втор по ред турнир помеѓу овие екипи и учениците изразија желба за повеќе спортски настани од ваков карактер. Учениците беа предводени од нивните професори по спорт Нуртене Ќерими, Фидан Арсовски  и Анита Цветковиќ како и одговорни професори за ученички заедници Емилија Јакимовска и Жаклина Јанакиевска. Денешнкот турнир беше проследен и од поголем број наши ученици кои ги бодреа своите фаворити.