Home » Активности » Едукативна посета на деца од градинка во нашето училиште

Едукативна посета на деца од градинка во нашето училиште

Messenger_creation_49F5229A-D57A-4318-963A-61CD4CA46949Во рамки на соработката помеѓу ЈОУДГ „Ангел Шајче“ и ОСТУ „Наце Буѓони“, децата од големите групи од објект „Пчелка“ на 27.02.2026г. реализираа едукативна посета на нашето училиште, каде имаа можност одблиску да се запознаат со различни образовни профили и идни професии.

За време на посетата, децата се запознаа со здравствената, електротехничката и машинската струка, преку презентации, демонстрации и непосредна комуникација со учениците и наставниот кадар.

Преку ова искуство, најмладите имаа можност да видат како изгледа наставниот процес, опремата и практичната работа во различни области, што придонесе за развивање љубопитност, интерес и почетно професионално осознавање.

Оваа активност произлегува од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу директорката на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Ивана Николиќ и директорот на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Драган Јаневски, чија цел е унапредување на воспитно-образовниот процес преку заеднички активности, размена на искуства и практични форми на учење.