Home » Активности (Page 24)
Активности
Ученик од Наце Буѓони дел од најдобрите 5 тима на Robomac Junior
Во склоп на овогодишниот натпревар RoboMac кој се одржува по 10-ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје за првпат се одржа и натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 40 ученици од средните училишта од нашата држава.
На натпреварот кој траеше од 20 до 22 март учество зема и ученик од нашето училиште, Кирил Мишевски, кој е ученик во четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Тимот на нашиот ученик успеа да се пласира во првите 5 најдобри тима на натпреварот. (more…)
Распоред за полагање на вонредни испити во мартовска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
Распоред за полагање на вонредни испити во февруарска испитна сесија
Распоредот за полагање и датумот за пријавување на испити можете да го погледнете тука.
Arduino автомобил
Изработено од Кристијан Максимовски
,,Наце Буѓони” домаќин на ,,Лидер на струката 2018”
Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука во соработка со Министерство за образование и наука на Р.М. за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.
Натпреварот се одржа во понеделник, 03. 12. 2018г, во ОСТУ,,Наце Буѓони” Куманово. (more…)
Денот на лица со интелектуална попреченост одбележен со посета во „Порака наша“
На 3-ти декември, Денот на лица со интелектуална попреченост, учениците од ,,Наце Буѓони” беа во посета на дневниот центар за престој на лицата со интелектуална попреченост „Порака наша“ и имаа работилница и дружење со корисниците на дневниот центар.
Успешно изведена вежба за евакуација во ,,Наце Буѓони”
На 8. 11. 2018 година во нашето училиште, ОСТУ,,Наце Буѓони”, беше изведена вежба за евакуација. Вежбата беше успешно изведена во двете смени според предвидениот план и програма. Одговорен наставник – Мирка Додевска. (more…)
Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите на националниот MOS натпревар
На националниот натпревар MOS (Microsoft Office Specialist), кој се одржа на 31 Мај во Скопје, седум ученика од нашето училиште се здобија со сертификати и се меѓу најдобрите во нашата држава.
Наградените ученици од ,,Наце Буѓони” на прием кај директорот
Учениците кои оваа година земаа учество на натпреварите од струките и постигнаа голем успех, беа на прием кај директорот на нашето училиште Драган Јаневски.
Иако скромни, воздржани во давањето на важност на сопствениот успех, беше вистинско задоволство да се види радоста на лицата на нашите државни шампиони, прваците, вторите, третите во своите категории, бидејќи нема поголема среќа и лична сатисфакција од успехот постигнат со сопствениот труд, сопствениот умствен и физички напор и сопствената креативност.