Home » Uncategorized » Во “Наце Буѓони” одржани презентации за актуелниот Корона вирус

Во “Наце Буѓони” одржани презентации за актуелниот Корона вирус

88085102_212881319769967_5482015730272567296_n

Во текот на минатата недела во нашето училиште, учениците од здравствена струка под менторство на професорките Магдалена Трајановиќ и Катерина А. Димиќ презентираа теми од актуелниот Корона вирус, како и сезонскиот грип и хепатитис, со цел превенција од овие болести и навремено дијагностицирање.

Презентацијата беше извршена на сите ученици од I до IV година при што  внимателно ги слушаа информациите и поставуваа прашања со цел подобрување на личната хигиена.