Home » Активности (Page 28)

Активности

Наце Буѓони на фестивалот во Ниш ,,Наук није баук” со најпосетен штанд

Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово земаа учество на фестивалот ,,Наук није баук кој по девети пат се одржа на Електронскиот факулет ,,Никола Тесла во Ниш, Србија. 

(more…)

Ученици од Наце Буѓони во посета на ,,Зафир Сајто”

 Денес ученици од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони”  беа во едукативна посета на Домот за стари лица  ,,Зафир Сајто” Куманово. Целта на оваа посета беше запознавање со начинот на работа на оваа установа и дружење со старите лица кои таму престојуваат.

Оваа активност ја реализираа учениците кои членуваат во Училишниот парламент при училиштето како дел од предвидената програма за едукативни посети во учебна 2016/17 година.

(more…)

Најдобрите трудови беа презентирани пред Претседателот на РМ

Ученици и наставници од нашето училиште ,,Наце Буѓони” беа поканети да присуствуваат на прославата по повод јубилеј 70 години на СЗТКМ – Народна техника на Македонија која се одржа во Дом на АРМ во Скопје, на 16 декември 2016 година. (more…)

Ученици од ,,Наце Буѓони” во посета на техничко училиште MOSTEM од Маниса

Во периодот од 13–18.11.2016 учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово беа на посета во техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса. Целта на посетата беше  збратимување на ОСТУ „Наце Буѓони“ од Куманово со техничкото училиште MOSTEM од градот Маниса, Република Турција. Со овие активности се предвидува потесна соработка помеѓу учениците и наставниот кадар од двете училишта со размена на искуства во образовниот процес. (more…)

MAKИНOВA 2016

Минатата недела од 18-ти до 22-ри октомври се одржа 42-ра по ред меѓународна саемска манифестација, ТЕХНОМА 2016, а дел од оваа манифестација зазема и изложбата на пронајдоци, технички унапредувања и творештво на млади – MAKИНOВA 2016. На оваа изложба за иновации учествуваа ученици од нашето училиште ОСТУ ,,Наце Буѓони” и освоија сребрени и бронзени медали за своите трудови.
(more…)

Се одржа тестирање за YES програмата

На 16.09.2016 година во нашето училиште „Наце Буѓони“ се одржа тестирање на учениците од Куманово за американска стипендија од YES програмата и една година престој во Америка. Освен кумановските, тест по англиски јазик полагаа и ученици од другите градови од регионот. (more…)

„Наце Буѓони“ повторно домаќин за тестирањето за YES програмата

На 16.09.2016 година нашето училиште „Наце Буѓони“ повторно  ќе биде домаќин за тестирањето на учениците од Куманово за YES програмата. Освен кумановските, тест по англиски јазик ќе полагаат и ученици од другите градови од регионот. 

(more…)

Успеси на учениците од Наце Буѓони за учебна 2015/2016

Се ближи 1ви Септември, првиот училишен ден, со што ќе започне уште една учебна година. Додека и учениците и професорите се подготвуваат за почеток на учебната 2016/17, да се потсетиме на успесите постигнати во претходната учебна 2015/16 на учениците од нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони”, а воедно и да им посакаме уште поголеми успеси.

Постигнати успеси за учебна 2015-2016

Презентација на иновативни проекти на МРТВ

Заради успешните резултати постигнати на учениците од нашето училиште на 52-риот ,,Државен натпревар на младите истражувачи” од Република Македонија, на покана од Народна техника на Македонија, добија можност да учествуваат на МРТВ каде ги претставија своите иновативни проекти  “Сортирачка на монети”- ученик Никола Милановски  и  “CNC машина”- ученик Дамјан Петровски.

(more…)

„TEСHNOSCIENCE 2012“ по петти пат во „Наце Буѓони“

Нашето училиште ОСТУ„Наце Буѓони“ по повод 24 Мај – Ден на просветителите по петти пат го организираше техничкиот саем „TEСHNOSCIENCE 2012“ на трудови, вештини и знаења кај деветооделенците. (more…)