Home » Активности » Ученици од Наце Буѓони меѓу најдобрите на државниот натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“

Ученици од Наце Буѓони меѓу најдобрите на државниот натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“

33079959_1824867450907712_2383786830160986112_n

На државниот натпревар по „Сообраќајно техничка култура на младите“ кој се одржа на 19.05.2018г.  во училиштето „Војдан Чернодрински“ во Скопје  нашето училиште го претставуваше целиот регион. 

Претставници од ОСТУ,,Наце Буѓони” беа учениците Антонио Аврамовски и Данило Гишевски од паралелка III-6 и Борис Стефановски од паралелка I-7, ученици од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика, под водство на менторот проф. Сашо Илиевски.

Нашата екипа освои II-место во екипна конкуренција и III-место во поединечна конкуренција со ученикот Антонио Аврамовски, на натпреварот кој се состоеше од решавање тестови од сообраќајот и вешто возење на посебен полигон со велосипед со мотор (скутер).