Home » Активности » Натпревари » ,,Наце Буѓони” домаќин на ,,Лидер на струката 2018”

,,Наце Буѓони” домаќин на ,,Лидер на струката 2018”

47393064_10214084960297279_8813566323557662720_n

Натпреварот ,,Лидер на струка” го организира Центарот за стручно образование и обука во соработка со Министерство за образование и наука на Р.М.  за избор на најдобар ученик во струката од завршните години во стручното образование во Република Македонија.

Натпреварот се одржа во понеделник, 03. 12. 2018г,  во ОСТУ,,Наце Буѓони” Куманово. Учество земаа 10 средни стручни училишта од електротехничка, машинска и сообраќајна струка. Нашето училиште го претставуваа два ученика од електротехничката струка и еден ученик од машинска струка. За профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика – Данило Гишевски, за  профил електротехничар – енергетичар ученикот Христијан Михајловски  и за профил техничар за компјутерско управување – Иван Илиевски.

Сите ученици освоија награди и го потврдија својот квалитет на државно ниво.
Ученикот Иван Илиевски освои I – место
Ученикот Данило Гишевски освои II– место
Ученикот Христијан Михајловски освои III– место