Home » Почетна (Page 21)
Почетна
Ученик од ОСТУ ,,Наце Буѓони” освои прво место на ликовниот конкурс на тема: “Воведување на безбедност и здравје во образованието“
Вчера во организација на Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во рамки на оперативната програма „Обезбедување усогласеност со европските стандарди за безбедност и здравје при работа прифатливи за работодавaчите и вработените“, поддржан од Европската Унија на нашиот ученик Дамјан Златановски под менторство на Тања Соларска Темелковски му доделија награда за освоено прво место на ликовниот конкурс на тема: “Воведување на безбедност и здравје во образованието“. (more…)
Во ОСТУ „Наце Буѓони” доделени наградите од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија
Почитувајќи ги мерките и Протоколот на Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болести на ден 20.01.2021 година во средното општинско училиште „Наце Буѓони”, општина Куманово свечено се доделија дипломите и медалите на наградените ученици од 56-тиот Државен натпревар на младите истражувачи од Македонија – НАУКА НА МЛАДИ за ученици и ментори од средните училишта од Кумановскиот регион во организација на Сојузот на здруженија на младите истражувачи на Македонија – НАУКА НА МЛАДИ и НАРОДНА ТЕХНИКА НА МАКЕДОНИЈА и домаќин на настанот Народна техника Куманово и ОСТУ „Наце Буѓони” Куманово и директорот Драган Јаневски.
Известување за почеток на второто полугодие во учебната 2020/2021 година
Новогодишна 3Д честитка од учениците во ОСТУ „Наце Буѓони”
ОСТУ „Наце Буѓони” ви ја честита Новата 2021 година со 3Д честитки изработени од учениците на предметот Компјутерско моделирање и конструирање. (more…)
Имате стар телефон/компјутер/лаптоп? Можете да го подарите за некого кому му е навистина потребен
Покренуваме иницијатива за собирање на стари електронски уреди за следење на настава: смарт телефон, лаптоп, таблет и компјутер, кои ќе бидат поделени на ученици од училиштето ОСТУ “Наце Буѓони” Куманово. (more…)
Можност да бидете хумани!
Почитувани професори, ученици, родители, граѓани,
започнуваме со собирање на донации за семејството Драгишевски.