Home » Uncategorized » ОСТУ „Наце Буѓони” со седум медали на 57-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија

ОСТУ „Наце Буѓони” со седум медали на 57-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна Македонија

На 07.06.2021 година беа доделени дипломите и медалите на наградените ученици и ментори од 57-миот Државен натпревар на младите истражувачи од Република Северна МАКЕДОНИЈА под името НАУКА НА МЛАДИ за ученици од средните училишта по применети природни и технички науки, кој традиционално го организира Народна техника.

Годинава натпреварувањето се одржа онлајн, а учествуваа 220 млади истражувачи од целата држава.

Учениците од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово освоија две први, четири втори и едно трето место.

Прво место освоија Марио Анѓеловиќ во областа на автоматика и роботика и Гала Арсовска во областа на агротехника. Втори места зазедоа Стефан Николиќ за автоматика и роботика, Иван Ивановски за дизајн на веб страници, Дамјан Златановски за електротехника и електроника и Теодора Стефановска за фармација. Трето место освои Калиопи Николова во областа на микробиологија.

Признанијата и дипломите на учениците им ги врачи Градоначалникот на Локална самоуправа на Општина Куманово Максим Димитриевски и Пере Митрев претставник од Народна техника, кој истакна дека традиционално со години наназад кумановските ученици се меѓу најталентираните и секоја година освојуваат врвни награди на истражувачки проекти.