Home » Uncategorized » Во ОСТУ „Наце Буѓони” се одржа пилот тестирање на државна матура

Во ОСТУ „Наце Буѓони” се одржа пилот тестирање на државна матура

На 19.05.2021година (среда) со почеток во 9.00 часот во училиштето ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово се одржa пилот тестирање на државната матура за пилот паралелките од електротехничката струка, образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика за новата испитна програма  задолжителните модули за стручното образование за образовниот профил/квалификацијата електротехничар за компјутерска техника и автоматика за двата изборни пакети: изборниот пакет 1 Дигитални системи и изборен пакет 2 Програмирање.

Во тестирањето учество земаа 52 ученика од двете паралелки на македонски наставен јазик и 50 ученика од двете паралелки на албански јазик. Пилот тестирање е организирано од Државниот испитен центар  и спроведено во училиштето  во согласност со протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.

Од учебната 2017/2018 година нашето училиште е едно од шесте пилот средни стручни училишта во државата во кој се применуваат новите наставни програми, модуларно дизајнирани во електротехничката струка, образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, изработени како дел од проектот „Модернизација на техничкото образование„

На сите матуранти им посакуваме успех на државната матура и завршен испит.