Народна техника 2016

Народна техника 2016



ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НЕДООФОРМЕНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Во прилогот е огласот за финансирање на дооформувањето на стручното образование. Важи за оние лица кои ги исполнуваат условите дадени во него, а немаат завршено трета година од трет степен или четврта година од четврти степен на образование. Тоа значи дека во ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово можат да го дооформат образованието оваа година како вонредни ученици бесплатно, односно финансирани преку европските ИПА фондови.

Оласот може да го погледнете тука. (more…)

Новогодишни честитки изработени од нашите ученици

Ученици од нашето училиште, од машинска струка – клас II1, изработија 3Д честитки. Среќни празници!

ОСТУ,,Наце Буѓони” поставува соларни панели за заштеда на енергија

Во нашето училиште во тек е поставување на соларни панели за сопствено производство на електрична енергија и тоа на централната зграда и на спортската сала.

Германски проект за дуалното образование во ОСТУ,,Наце Буѓони”

Денеска ОСТУ „ Наце Буѓони“ беше домаќин на проектот за вмрежување, организиран од Образовниот центар на баварско стопанство ( bbw gGmbH) од Германија, во соработка со локалниот економско социјален совет, општина Куманово, локалните претпријатија и претставници на советот на родители од училиштето. (more…)

Ученици од ,,Наце Буѓони” меѓу најдобрите 4 тима на RoboМac Junior 2022

Минатата недела, од 30 ноември до 2 декември 2022 година на  Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје, по две години пауза, се одржа натпреварот Robomac Junior во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 28 средни училишта од нашата држава, поделени во 2 категории.

На натпреварот учество земаа две ученички од нашето училиште, Ива Митевска и Нина Додиќ, кои се четврта година на насоката Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.  (more…)

Распоред за полагање на ДОПОЛНИТЕЛНИ и ВОНРЕДНИ испити во ДЕКЕМВРИСКА испитна сесија

received_2949153798720581

Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” со завидни резултати на литературен конкурс организиран од Друштвото на писатели од Куманово

Повторно награди, традиционално, како и секоја година. (more…)

Заедничка активност на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието двете партнер училишта ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово и ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес на ден 23.11.2022 год. реализираа уште една богата заедничка активност.

(more…)

УЧЕСТВО И НАГРАДИ НА 43-та МАКИНОВА и 20-та ЕКОНОВА 2022 година

Учество на 43-та МАКИНОВА и 20-та ЕКОНОВА 2022 година во организација на Народна техника на Македонија, СПАТУМ и Министерство за образование и наука од 8-10 ноември, во Дом на Арм Скопје, каде нашите ученици од здравствена и електротехничка струка, електротехничар за компјутерска техника и автоматика се претставија со своите трудови и иновации како и секоја година. (more…)

Ученици од ОСТУ „Наце Буѓони” добија една прва и две трети награди на ликовниот конкурс по повод Месецот на книгата

По повод Месецот на книгата библиотеката “Тане Георгиевски” организираше и ликовен натпревар за ученици од средни училишта, на тема – “Една ноќ во Библиотеката” на кој учество зедоа и ученици од нашето училиште. (more…)