Home » Uncategorized » Музичко – поетска вечер во чест на Меѓународниот ден на жената- 8- ми Март

Музичко – поетска вечер во чест на Меѓународниот ден на жената- 8- ми Март

На 5- ти март( вторник) во Домот на културата,, Трајко Прокопиев” се одржа манифестација насловена како ,,Жената – столб на семејството”. Организатори беа Здружението на жени ,, Нада Михајлова” и Поетскиот клуб,, Обденица”. Во склоп на овој настан беше и доделување на награди на учениците- поети кои твореа на теми инспирирани од жената и нејзината улога во семејството и општеството.

Со гордост може да кажеме дека нашата ученичка Дарија Трендафиловска од l9клас доби прва награда, а Кристијан Стефановски од l8 клас доби трета награда. Ментор на наградените – Лидија Цветкова.

Ученичката Магдалена Андоновска доби благодарница за учество.Ментор- Оливера Лазаревска.

Уште еднаш,како и многу пати до сега, нашите ученици докажаа дека поезијата,талентот и љубовта кон творењето се привилегија на чистите уметнички души! Нивните стихови донесоа радост,среќа,љубов,восхит и пофалби во преполната сала,во предвечерието на празникот на сите жени!Дадовме мал допринос во чествувањето на овој значаен ден!