Home » Активности » Одбележан ,,Светскиот ден на здравјето”

Одбележан ,,Светскиот ден на здравјето”

Messenger_creation_c388c3e9-4dcf-4b10-afc5-bf8f8d350d21

Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април секоја година. Оваа година под мотото “МОЕТО ЗДРАВЈЕ Е МОЕ ПРАВО” и докажа дека основното човеково право е правото на здравје.
За таа цел населението во секој момент треба да има доволно информации за здравјето и да има достапни услуги од сите области за да може да води соодветна грижа за сопственото здравје и здравјето на своето семејство! Затоа учениците од здравствена струка како и секоја година така и оваа, со одредени активности го одбележаа.
На 4април, беше одржана едукативна работилница во Диаверум Куманово,од страна на медицинскиот персонал од центарот за дијализа.
На 5 април, во Соколанскиот парк беше спроведена акција со мерење на шеќер и крвен притисок на населението во соработка со Здружението на дијабетичари.
По повод денот на здравјето беа оддржани и едукативни работилници и презентации на тема Мое здравје ,мое право,од страна на нашите ученици и професори.