Home » Активности » Одбележан ,,Меѓународниот ден на медицинските сестри”

Одбележан ,,Меѓународниот ден на медицинските сестри”

Messenger_creation_a2cc4fbb-c0c5-4428-aab9-53e7eb7b6661

Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува на 12 мај секоја година. Се слави низ целиот свет за да се одбележи придонесот на медицинските сестри во општеството. За прв пат во далечната 1974 година, 12 мај беше избран како датум кој ќе се прославува, бидејќи овој ден е годишнина од раѓањето на Флоренс Најтингел, која се смета како прва модерна медицинска сестра.

Денот на сестринството, учениците од здравствена струка,медицински сестри ОСТУ ,,Наце Буѓони” Куманово со посебен настан пригодно го одбележаа. Учениците имаа перформанс во изведба музички танц, вежби прва помош, Форум театар и музички точки.  Голема чест со своето присуство ни направија и учениците Др.Даниел Трајановски,Никола Стефановски,Дарко Каранфиловски,Јована Трајановиќ,Ана Љубиќ и Бојана Николиќ кои завршиле здравствена струка во нашето училиште, а сега се лекари и медицински сестри и работат во својата струка.

Благодарност до директорката Биљана Ивановска и главната сестра Жаклина Костадиновска,медицинските сестри при ЈЗУ Општа Болница Куманово со кои континуирано имаме соработка неколку години,како и претставници од Диаверум,Фросина Ефремовска и Магдалена Величковска,каде учениците изведуваат дел од својата практична работа.На настанот присуствуваа и деветтоодделенци од основните училишта од нашиот град кои покажаа голем интерес за медицината како идна професија.

Учениците им го честитаа празникот на медицинските сестри со порака и песни,составени за нив од страна на учениците.