На 27.11.2017 година во нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони” се реализираше посета од страна на Делегацијата на Европска Унија и Министерството за образование и наука како дел од кампањата “Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!“.
Почесни гости беа:
-Г-дин Самуел Жбогар – шеф на Делегацијата на Европска Унија
-Г-ѓа Рената Дескоска – Министер за образование и наука
-Г-дин Максим Димитриевски – Градоначалник на Општина Куманово
-Г-ѓа Атина Мургашанска – Претседател на Совет на Општина Куманово
-Г-дин Жика Крстевски – Раководител на Сектор за образование при Општина Куманово
Досега училиштето е вклучено во низа проекти финанскиски поддржани од ЕУ, а наменети за зајакнување на капацитетите на вработените, но и за преквалификација на возрасни со занимања кои се бараат на пазарот на трудот во сопствена и партнерска реализација. Училиштето секогаш е отворено за соработка со релевантни институции, бизнис заедница, донатори и други чинители. Интенцијата на менаџментот е будно следење на потребите во стопанството и нивните очекувања од стручното образование.