Home » Активности » “Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!“

“Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!“

На 27.11.2017 година во нашето училиште ОСТУ,,Наце Буѓони” се реализираше посета од страна на Делегацијата на Европска Унија и Министерството за образование и наука како дел од кампањата “Веруваме во ТЕБЕ, Вложуваме во ТЕБЕ, ЕУ за ТЕБЕ!“. 

Почесни гости беа:

-Г-дин Самуел Жбогар – шеф на Делегацијата на Европска Унија

-Г-ѓа Рената Дескоска – Министер за образование и наука

-Г-дин Максим Димитриевски – Градоначалник на Општина Куманово

-Г-ѓа Атина Мургашанска – Претседател на Совет на Општина Куманово

-Г-дин Жика Крстевски – Раководител на Сектор за образование при Општина Куманово

Досега училиштето е вклучено  во низа проекти финанскиски поддржани од ЕУ, а наменети за зајакнување на капацитетите на вработените, но и за преквалификација на возрасни со занимања кои се бараат на пазарот на трудот во сопствена и партнерска реализација. Училиштето секогаш е отворено за соработка со релевантни институции, бизнис заедница, донатори и други чинители. Интенцијата на менаџментот е будно следење на потребите во стопанството и нивните очекувања од стручното образование.