Денеска во ОСТУ „Наце Буѓони” беше одржано едукативно предавање по повод 11 Март – Светскиот ден на бубрегот. Предавањето го одржа Даниела Јовановска (медицинска сестра од Центарот за хемодијализа Диаверум) преку апликацијата Zoom и го следеа сите ученици од трета година.
Кампањата за Светскиот ден на бубрегот е насочена кон едукација за важноста на бубрежните заболувања и сите аспекти на превенција, рано откривање и третман. Годинашното мото е Living well with kidney disease.