На 19.05.2021година (среда) со почеток во 9.00 часот во училиштето ОСТУ„Наце Буѓони“ Куманово се одржa пилот тестирање на државната матура за пилот паралелките од електротехничката струка, образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика за новата испитна програма задолжителните модули за стручното образование за образовниот профил/квалификацијата електротехничар за компјутерска техника и автоматика за двата изборни пакети: изборниот пакет 1 Дигитални системи и изборен пакет 2 Програмирање.
Во тестирањето учество земаа 52 ученика од двете паралелки на македонски наставен јазик и 50 ученика од двете паралелки на албански јазик. Пилот тестирање е организирано од Државниот испитен центар и спроведено во училиштето во согласност со протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година.
Од учебната 2017/2018 година нашето училиште е едно од шесте пилот средни стручни училишта во државата во кој се применуваат новите наставни програми, модуларно дизајнирани во електротехничката струка, образовен профил: електротехничар за компјутерска техника и автоматика, изработени како дел од проектот „Модернизација на техничкото образование„
На сите матуранти им посакуваме успех на државната матура и завршен испит.