На 14 ноември во Занаетчискиот дом во организација на Друштвото на писатели од нашиот град беше одржана литературно- музичка вечер по повод 11 Ноември- 80 години слободно Куманово.
На истата беа доделени и награди за учество во литературниот конкурс и тоа- Клара Љубевска освои прва награда,ментор Катерина Пешевска, а Дарија Трендафиловска и Теодора Николовска освоија втора награда- ментор Лидија Цветкова.Менторките добија благодарници, а исто така и училиштето поради поддршката во организацијата на целиот настан. Во музичкиот дел учениците од нашето училиште земаа активно и успешно учество. Мила Васиљкова во придружба на Павел Божиновски- гитара и Евгениј Свилар- тапани ,испеа две песни:,, Две лири” и ,, Јовка Кумановка”. Интерес побуди и нашата ритмичка група која настапи на самиот крај на настанот и доби громогласни аплаузи.
Претседателката на Друштвото Елизабета Павловска изрази огромна благодарност и задоволство поради ангажирањето и посветеноста на нашите ученици кои помогнаа целиот настан да помине во најдобар ред.И овој пат докажавме дека имаме сестрани и одговорни, посветени и амбициозни млади луѓе во ,, Наце Буѓони” со кои треба да се гордееме.Честитки и голема благодарност за сите нив!