Home » Uncategorized » Заедно за подигање на свест за борба против родово-базирано и семејно насилство

Заедно за подигање на свест за борба против родово-базирано и семејно насилство

Врсничка поддршка и поддршка од заедницата се работеа во текот на минатата година во проектот кој е во рамките на Регионалната програма на ЕУ и UNWomen “Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција Имплементирање на норми –промена на ставови “. 

Проектот е имплементиран од  страна на “Македонско здружение на млади правници” и “Здружение за психологија и психотерапија Психотерапика” од Скопје со цел за препознавање на младински права, родово базирано насилство и семејно насилство и мерки за заштита, препознавање на стереотипи и почитување на различности и промовирање на еднаквост.

Во овој проект беа вклучени 5 средни училишта во земјата, а од Куманово беше ОСТУ “Наце Буѓони“.

На 14.10.2021 во  ОСТУ “Наце Буѓони“  беа доделени награди и сертификати за 20 ученици и 10 наградени на ликовен и литературен конкурс  и училиштето од страна на претставничка на Македонско здружение на млади правници Маја Атанасова која ја истакна својата благодарност за постигнатаата цел и мотивираниот тим на едукатори во состав на професорките Жаклина Јанакиевска и Фердезе Сулејмани и психологот Дивна Јанкова.

Директорот Драган Јаневски се заблагодари на ефикасноста на тимот, на посветеноста на учениците и за соработката со носителите на проектот. Притоа тој истакна: “Борба против родово-базирано насилство е тема која е многу сензибилна и за која многу малку се зборува во наставните предмети, е значајна за обработка.”

Од име на учениците се заблагодарија Марија Ѓорѓиевска, Сара Мустафа и Дамјан Златановски кој беше две години во проектот од кои во втората беше поддршка на едукаторките. Учениците говореа за придобивките за подигање на свеста, примена на знаењата за поддршката и за препознавање и превенирање на родово –базирано и семејно насилство.

Проектот имаше две фази. Во првата која се реализираше во учебната 2019/20год. се работеше со 20 ученици од мешан етнички состав на тема за промена на однесување и ставовите за родово–базирано и семејно насилство, а во 2020/21год. се работеше за промена на однесувањето и ставовите за родово-базирано и семејно насилство. Во двете фази на проектот беа вклучени 45 ученика со мешан етнички состав а во рамки на истиот имаше јавни дебати, спотови, истражувања, изработување на постери, ликовен и литературен конкурс и прекрасни творби.

 

Големиот одзив во медиумите на завршната манифестација  и  на кумановската  јавност, како и позитивните искуства на учесниците и  поддршката на наставниот кадар и родителите од минатата година  дадоа допринес  овој проект да биде поддржан и да биде во нашата годишна програма и втора година по ред.

1     2     34