Home » Uncategorized » ИНФОРМАЦИИ за ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово

ИНФОРМАЦИИ за ВОНРЕДНИ УЧЕНИЦИ од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово

 

Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање испити по одреден план и програма во средното училиште.

Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови:

  • да е постар од 17години;
  • да е на боледување подолг период;
  • да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето;
  • да е во работен однос и
  • во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.
  • учениците кои покажуваат одличен успех и се истакнуваат со способности, знаења и работни навики можат напоредно, но само како вонредни ученици да се здобиваат и со образование за друг план и програма.
  • Ученикот кој во последната година од образованието на крајот од учебната година има најмногу две негативни оценки може да ги полага поправните испити и по вториот испитен рок, откако ќе се стекне со статус на вонреден ученик.

 Висина на трошоци за запишување како вонреден ученик

  • 4800,00 денари за упис на учебна година
  • Административна такса 50,00 денари
  • Полагање на испит 1320,00 денари

Полагање на два испити е 2520,00 денари

Полагање на три испити е 3720,00 денари

  • Пријава за полагање 100,00 денари
  • Административна такса 50,00 денари

Висината на трошоците, по Испитна програма по вертикална проодност за ученици кои завршиле средно образование со тригодишно траење и продолжуваат во средно образование со четиригодишно траење од ист или сроден наставен план т.е. вертикална проодност  изнесува:

  • Запишување на кандидатите 2500,00денари
  • Полагање испит по општообразовен наставен предмет 300,00денари
  • Полагање испит по стручен наставен предмет 1000,00денари

Вертикална проодност вклучува пет испити, а потоа кандидатот продолжува во четврта година од соодветната струка.

Сите уплати во врска со вонредното образование се уплаќаат на образец ПП50.

Вонредните ученици кои се запишуваат  треба да уплатат на следнава сметка

Назив на седиште на примачот              ОСТУ „ Наце Буѓони“ Куманово

Банка на примачот                                       Народна банка  на РСМ

Трансакциона сметка                                      100000000063095

Износ                                                                   4800,00 денари

Сметка на буџетски корисник                      7410105746 787 13

Приходна шифра и програма                      723012 N2

Цел на дознака                                               Уплата  на година

Вонредните ученици кои пријавуваат испити  треба да уплатат на следнава сметка

Назив на седиште на примачот          ОСТУ „ Наце Буѓони“ Куманово

Банка на примачот                                 Народна банка  на РСМ

Трансакциона сметка                                      100000000063095

Износ                            1320, 00- еден  2520, 00- два  3720,00- три испити

Сметка на корисник                                         7410105746 787 13

Приходна шифра и програма                      723013  N2

Цел на дознака:                         Уплата  за полагање испити- вонреден –                                                         

Вонредните ученици при упис на учебна година и пријавување на испити   треба да уплатат административна такса  на следнава сметка

Назив на седиште на примачот                  трезорска сметка

Банка на примачот                                         Народна банка  на РСМ

Трансакциона сметка                                      100000000063095

Износ                                                                   50,00 денари  

Сметка на корисник

Приходна шифра и програма                      722313 начин   2

Цел на дознака                                       административна такса

 

 

Потребни документи за упис на вонреден ученик:

  • Молба за запишување (образец од училиштето)
  • Извод од матичната книга на родените
  • Оргинал свидетелства и диплома од предходно завршено образование

По добиенот  Известување со утврдени предмети за полагање ученикот треба да достави:

  • Пријава за запишување на учебна година (образец од училиштето)
  • Уплатници

Во текот на една учебна година училиштето организира 9 испитни сесии и тоа во следните месеци: октомври, ноември, декември, февруари, март, април, јуни, август

Кандидатите во текот на една испитна сесија можат да пријават максимум три испита.

Пријавувањето на испити се врши кај одговорното лице за вонредни ученици  на училиштето со предходно извршена уплата за предметите и административна такса и пополнување на пријава (образец од училиштето)

Термините за пријавувањето и полагањето на испити ќе бидат објавени на на огласната табла и на веб страната на училиштето www.nacebugjoni.mk последната недела во месецот пред испитната сесија

Информации за наставниот материјал, насоки за учење и литература може да ги добиете  од предметните наставници.

За резултатите од испитите можете да се информирате кај членовите  на испитните комисии.

Стручна литература и учебници по предметите може да позајмите од училишната библиотека.

Доколку во учебната година учениците до јуни или август ги завршат полагањата на испитите согласно известувањето полагаат државна матура или завршен испит според Календарот за организација з тековната година кој ќе биде објавен на огласната табла.

Пријавувањето на државна матура  и завршниот испит за јунскиот или августовскиот рок е од 01  декември до 31 декември.

Одговорниот наставник за вонредни ученици  кои следат настава на македонски јазик за учебната 2022/2023 година е  Жаклина Јанакиевска.

Повеќе информации и договарање  термин за консултации може да добиете на   телефонот 070 45 56 62.

Одговорниот наставник за вонредни ученици кои следат настава на албански  јазик за учебната 2022/2023 година  е Аделина Белули.

Повеќе информации и договарање  термин за консултации може да добиете на   телефонот 078 35 60 22.